Соочени со комплетна безидејност во поглед на понуда за економски проекти со кои би се подобрил животот на граѓаните, СДСМ продолжува со пласирање на лаги, манипулации и дискредитации сметајќи дека на тој начин ќе добијат некаков политички поен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Тешко се излажале. Нивните манипулации не поминуваат. Податоците со кои манипулираат СДСМ се јавни. Министерството за финансии податоците за јавниот долг ги објавува на својата веб страна и се однесуваат на II квартал од годината, односно заклучно со 30.06.2016 година, согласно на редовниот календар за објавување на податоци. Тоа што СДСМ не можат да го покријат со своите лаги е штетата која и ја направија на државата и на граѓаните со нивната деструтивна политика, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека, благодарение на финансискиот тероризам кој СДСМ го прави, граѓаните ќе плаќаат повисоки камати во износ од 25 милиони евра.
-СДСМ безуспешно се обиде да ги разубеди инвеститорите да ја купат еврообврзницата, што претставува преседан во светски размери на неодговорно однесување на опозиција. За своите деструкции, лаги и клевети СДСМ ќе одговараат. Најтежок ќе им биде судот на народот на следните избори кога ќе бидат казнети за сите деструкции и штети кои ги имаат направено, се додава во реакцијата.
-Тешко се излажале. Нивните манипулации не поминуваат. Податоците со кои манипулираат СДСМ се јавни. Министерството за финансии податоците за јавни