И младината на СДСМ тргнува сигурно по стапките на СДСМ кој има нула идеи и проекти, мизерен рејтинг од 15,7%, уплав од избори и соочување со граѓаните.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
И младината на СДСМ дише од чадот од фабриките за афери на нивниот постар ментор и сопартиец Захир Бекири Чауш. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не сториле никакво кривично дело и тоа ќе се докаже во постапката пред Судот. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги раководеа министерствата за внатрешни работи и транспорт и врски ги постигнаа најголемите успеси во своите ресори во историјата на независна Македонија.
Ова граѓаните добро го знаат. Биле тие во СДММ или не. СДММ не треба да се огледува на Оливер Спасовски кој откако е технички министер, МВР нема фатено ниту 5 грама дрога, ниту оружје. СДММ не треба да се огледува ниту на Фросина Ременски која не само што не понуди било каков нов проект во својот ресор, туку и даде се од себе за да ги закочи постојните проекти и да ја опструира работата на министерството за труд и социјала.
Наместо слепото следење на СДСМ во амбисот, СДММ треба да ги следи проектите за младите кои им се од корист нив и какви што нема во фабриките за афери на СДСМ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ што ќе вети – исполнува. Добрата вест за СДММ е што Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нивната иднина, подеднакво како и за иднината на сите млади лица во државата за кои се наменети проектите кои се преземаат континуирано.
Денеска беа претставени најновите 7 проекти:
1. Намалување на партиципацијата за 50% за студентите од самохрани и еднородителски семејства
2. Отворање на специјализирана национална математичка гимназија, која ќе нуди образование по посебни наставни планови и програми
3. Нов отворен базен во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“
4. Нов Конгресен центар во Охрид
5. Парична стимулација за упис на техничките факултети
6. Возобновување на Учителската школа во Скопје
7. Изградба на современи и подвижни бини за настани и манифестации на плоштадите.
Покрај овие најнови 7 проекти, за само 2 месеци беа најавени уште 27 други проекти за млади со што вкупниот број на овој циклус проекти дојде до 34:
1. Еден клик,
2. Промена на студентскиот статус,
3. Саем на средношколски иновации,
4. Отворен пливачки базен во општина Шуто Оризари,
5. Нова спортска сала за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид,
6. Затворена тениска арена во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,
7. Гимнастичка сала во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,
8. Нов амфитеатар со 9.000 седишта во Скупи за одржување на концерти, претстави и други културни настани со што овој амфитеатар ќе биде единствен во целиот регион,
9. Загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии секоја година,
10. Комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје,
11. Стипендии за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и за нивните професори,
12. Нови пет скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово,
13. Целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола во кој ќе биде сместена новата матична служба во Битола за регистрација на брачните парови,
14. Купи куќа за млади,
15. Средношколска среда,
16. Бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети,
17. Бесплатни патувања за најдобрите студенти во Париз, Венеција и Барселона,
18. Железнички викенд за млади до 27 години, 1 и 3 викенд од месецот,
19. Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици (англиски, француски и германски) за млади до 29 години,
20. Перални и сушални во студентските домови низ државата,
21. Изградба на фитнес зони во 18 градови низ Република Македонија,
22. Отворање на нови читални во Велес, Струмица и Аеродром,
23. Изградба на 150 игралишта за баскет,
24. Инвестирај во својата иднина – стипендирање на постдипломски и докторски студии,
25. Ново матично во Скопје,
26. Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје,
27. Комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски.
СДММ продолжува да ги следи стапките на СДСМ и да биде против новите домови за младите, новите спортки сали, бесплатен превоз, намалени партиципации, новите студентски домови, читални, стипендии, скејт паркови и уште низа други бенефиции. СДММ ги следи проектите на СДСМ во кои е вклучен партискиот експерт Чауш, а не проектите кои се од нивен интерес.
Тажно и погубно. Затоа СДСМ губи 9 пати по ред на избори. Затоа на 24-ти април народот повторно ќе гласа за проекти и реализација, наместо за деструкција и манипулација.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
И младината на СДСМ дише од чадот од фабриките за афери на нивниот постар ме