СДСМ со ваква СДММ треба да се грижи за својата иднина. Со СДММ која без компас инертно ги следи стапките на своите неинвентивни сениори, докажани неработници и луѓе кои никогаш не се грижеле за интересите на младите, ситуацијата во левицата се чини драматично лоша, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Реакција пратена од ВМРО-ДПМНЕ:
Добрата вест за СДММ е што Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нивната иднина, подеднакво како и за иднината на сите млади лица во републиката за кои се наменети проектите кои се преземаат континуирано, се додава во реакцијата.
Само во последните 2 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ промовираше дури 20 проекти од кои бенефитите ги ползуваат сите млади лица во земјата.
Денеска беа промовирани 6 проекти кои се од интерес на младите:
1. Нов амфитеатар со 9.000 седишта во Скупи за одржување на концерти, претстави и други културни настани со што овој амфитеатар ќе биде единствен во целиот регион,
2. Загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии секоја година,
3. Комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје,
4. Стипендии за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и за нивните професори,
5. Нови пет скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово,
6. Целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола во кој ќе биде сместена новата матична служба во Битола за регистрација на брачните парови.
Неодамна во истиот циклус на мерки за млади беа промовирани и следните проекти:
1. Купи куќа за млади
2. Средношколска среда
3. Бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети
4. Бесплатни патувања за најдобрите студенти во Париз, Венеција и Барселона
5. Железнички викенд за млади до 27 години, 1 и 3 викенд од месецот
6. Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици (англиски, француски и германски) за млади до 29 години
7. Перални и сушални во студентските домови низ државата
8. Изградба на фитнес зони во 18 градови низ Република Македонија
9. Отворање на нови читални во Велес, Струмица и Аеродром
10. Изградба на 150 игралишта за баскет
11. Инвестирај во својата иднина – стипендирање на постдипломски и докторски студии
12. Ново матично во Скопје
13. Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје
14. Комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
Покрај овие проекти само од минатите два месеци, во минатите години се реализираа уште низа проекти од интерес на младите и беа преземени мерки кои директно го подобруваат квалитетот на живеење и образование на младите во Македонија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го реализираше проектот компјутер за секое дете, бесплатен престој во ученички домови, бесплатни учебници, задолжително средно образование, превод на стручна литература и книги, изградба на спортски сали, реновирања и изградба на средни и основни училишта, студенстки домови, пониска партиципација за студирање и уште многу други проекти.
СДСМ не закова ниту шајка во студентските домови своевремено. Во време на СДСМ партиципацијата за студентите беше многукратно повисока. СДСМ е против нови факултети, нови книги и учебници, бесплатен превоз за студентите, нови спортски терени, нови домови за млади.
Затоа СДСМ ја нема поддршката од народот 9 изборни циклуси по ред. Затоа СДСМ на 24-ти април ќе добие шут-карта од граѓаните.
Нивната младина не мора да го следи примерот на СДСМ. И младите од СДММ гледаат кој се грижи за нив.Реакција пратена од ВМРО-ДПМНЕ:
Добрата вест за СДММ е што Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нивната иднина, подеднакво ка