СДСМ упорно бега од одговорот на прашањето каде беа мерните станици за загадувањето на воздухот од нивно време? – велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ треба на јавноста да и одговори зошто не може да се направат споредби со периодот пред 2006 година за ефектите од мерките кои се преземаат.
Дали СДСМ може да наброи еден проект на Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ познат како министерот кој потона во малите поплави, кои служеа како нивни министри за животна средина? Граѓаните не памтат – бидејќи такви проекти немаше.
За потсетување, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
СДСМ сака да зборува за загадувањето на воздухот секогаш кога има мизерен рејтинг, кога е фатен на дело како се обидува да спроведе тоталитаризам во медиумите и кога нивните економски експерти со вечерно школо кај Вицето се нокаутирани од банките.
Ваквите бесмислени обиди да се дефокусира јавноста од прашањата кои СДСМ не сака да ги одговори и политиките од кои СДСМ се срами, нема да пројдат.
На 24 април за само 139 дена доаѓа казната од народот за СДСМ.СДСМ треба на јавноста да и одговори зошто не може да се направат споредби со периодот пред 2006 година за ефектите од мерките кои се преземаат.