СДСМ преку своите невладини на уставните судии им се закани дека ќе ги избрка од Уставниот суд „со кревање на клоци и влечење за уши“. СДСМ преку невладините експоненти им порача на судиите од Уставниот суд дека или ќе подлегнат на притисоците на СДСМ или „ќе го почувствуваат гневот на граѓаните“.
Вчера и Оливер Спасовски, технички назначениот министер за внатрешни работи срамно и скандалозно му се закани и го нападна Уставниот суд на Република Македонија, директно мешајќи се во работата на судот.
СДСМ сака да се врати времето кога за 10 минути без дискусии и без аргументи разреши и именуваше 617 судии и уште стотина обвинители. СДСМ сака потполна контрола врз судството.
За партизацијата во судството СДСМ и Виктор Габер треба да ја прашаат уставниот судија Наташа Габер-Дамјановска. За поврзаноста на СДСМ и судството може да зборува и десната рака на Катица Јанева, обвинителот Гаврил Бубевски кој е кумашин на Филип Медарски, адвокатот на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Сопругата на Филип Медарски, Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, а неговата мајка Елица Медарска е Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои ги предложи ВМРО- ДПМНЕ.
Во 2009 година организацијата која нема сопствен став „СДСМ 2009“ беше категорично ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес организацијата која нема сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.
Вчера и Оливер Спасовски, технички назначениот министер за внатрешни работи срамно и скандалозно му се закани и го нападна Уст