СДСМ заглавени во скандалите до гуша, не бираат теми со кои ќе се обидат да избегаат од “фабриките“ во кои се живи фатени.Им благодариме што ја отворија темата за гасификација, бидејќи на ова поле денес се превземаат низа активности кои СДСМ никогаш не ги направиле ниту имале идеа, концепт или стратегија за гасификација. Имено во завршна фаза е изградбата на делницата Клечовце-Штип од Националниот гасоводен систем во Македонија во должина од 61 километар.
Наскоро ќе отпочне и изградбата на следната фаза од Штип до Битола и Скопје-Тетово-Гостивар во вкупна должина од 204 км!. Дополнително од реномирани европски банки се одобрени средства за изградба на примарната мрежа за која во скоро време ќе се објави јавниот оглас.
Дистрибутивната мрежа за Град Скопје е објавена и две компании се во финална фаза на избор. За регион 2 и 3 тече подготовка на оглас за ЈПП за концесионер на диструбутивна мрежа вклучувајки ги Струмица и Куманово.
Изградбата на делницата Клечовце – Штип е резултат на раздолжувањето од клириншкиот долг на Македонија и Русија кои се наследници на СФРЈ , односно СССР. Овој договор за враќање на клириншкиот долг е резултат на посветената работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нешто што СДСМ 15 години претходно не можеа да го направат. Притоа руската страна имаше право да ја избере фирмата која ќе го изведува овој проект и нашата земја немаше никаква улога во изборот на изведувач на делницата Клечовце-Штип.
Дополнително Македонија во изминатиот период оствари директни средби и контакти со носителите на Проектот ТАП (транс јадранскиот гасовод), и има поднесено официјално барање за вклучување во овој гасовод каде Македонија е влезена во втора фаза. Исто така Македонија веќе има пристапено кон проектот ТЕСЛА, а од ЦЕСЕК за изградба за две нови интепконекции кон Бугарија и Грција е на листата на приоритетни проекти. Проектот е објавен за веб страна на Европската Комисија за Енергетика.
Затоа можеме да кажеме дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено и континуирано работи на обезбедување на енергетската иднина на Македонија и тоа го прави со најекономично оправдани и најрационални проекти.
Примерот кој СДСМ се обидува да го прикаже како успешен во Струмица и Куманово, за жал е еден од најнеекономичните и најнеоправдливите начини за обезбедување на гас. Впрочем за тоа покажуваат и резултатите. Во Струмица на пример претпријатието Струмица Гас се гуши во долгови и работи со снабдување на десетина субјекти, впрочем од официјалните податоци во ЦРМ Струмица Гас е компанија које е задолжена повеке од 2 мил Евра и е пред стечај.
И оние кои на почетокот се приклучија се откажаа бидејќи овој начин на снабдување со гас е најскап и уште повеќе несигурен.
Тоа говори дека СДСМ нема капацитет да реализира еден конкретен проект, туку секојпат нуди парцијални и популистички решенија кои на крајот завршуваат како ефтини спинови од јкои народот нема никаква корист.
Во Моментот Република Македонија има доставено Меморандум за Соработка со Република Бугарија за максимално користење на сегашните капацитети како и обезбадување на транспорт. Паралелно се поканети повеќе меѓународни дистрибутери на ЛНГ од САД, Русија, Швајцарија, Романија за испорка на течен природен гас преку терминалите во Атина и Турција.Им благодариме што ја отворија темата за гасификација, бидејќи на ова поле денес се превземаат низа активности кои СДСМ никогаш не ги направиле нит