ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае дека поразот на изборите им е неминовен

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ во врска со избирачкиот список 
СДСМ во очај и паника е комплетно посветен на најновото сценарио за спас на раководството на СДСМ со помош на фабриката за афери.
СДСМ по секоја цена бара алиби за да ги одложи изборите, алиби за да не учествува на нив или алиби за да не ги признае резултатите. 
СДСМ знае дека поразот на изборите му е неминовен.
Разликата во гласовите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не е 10, 100 или 1000 гласа кои СДСМ може да се обиде да ги оспорува со бесмислени провидни лаги кои не поминуваат кај граѓаните.
Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не е ниту 10.000 гласа. Разликата е 200.000 гласа и се зголемува со секој еден ден во кој СДСМ попусто ќе се обидува преку своите манипулации и лаги да обезбеди алиби за изборниот пораз кој ита незадржливо према Бихаќка.
Во очајната паника СДСМ ги активира сите погони на фабриката за афери па затоа се обидува со полуфабрикации по принципот „ако пројде – пројде“ да сервира апсурдни и трагикомични лаги со кои ќе го оспори избирачкиот список.
Цела Брвеница на чело со Даниела Рангелова му се смее на СДСМ и на неговите лаги за избирачкиот список. Му се смее и цела Македонија, во лице, откако му пропаднаа и најефтините манипулации во кои ги вмешуваше пратениците Саздов и Стевананџија.
На 5-ти јуни СДСМ ќе биде катастрофално поразен од граѓаните кои референдумски ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и против СДСМ. Граѓаните ќе гласаат за партијата која постојано работи во интерес на народот и се натпреварува во реализации, а не во деструкција која е единственото нешто покрај лагите и манипулациите по што народот го знае СДСМ.
Граѓаните ќе гласаат против СДСМ бидејќи СДСМ не ја почитува волјата на народот кој масовно го поддржува ВМРО-ДПМНЕ 10 години по ред.
За СДСМ народот е повторно виновен за неуспесите на избори, а не безидејноста, деструктивноста и патолошкото лажење кои доминираат во штабот на СДСМ.
Ваквата политика ќе биде казнета 10-ти пат по ред на петти јуни.
  
СДСМ во очај и паника е комплетно посветен на најновото сценарио за спас на раководството на СДСМ со помош на фабриката за афер

Пронајдете не на следниве мрежи: