Почнувајќи од први јануари 2016 година, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај.Граѓаните знаат дека и пензионерите со години ги користат бенефитите на субвенционираниот превоз во јавниот сообраќај.
Денес целиот автобуски фонд во главниот град е променет со нови современи автобуси кои загадуваат десетици пати помалку од возниот парк во кој народот го возеше СДСМ.
Граѓаните знаат и учествуваат во акциите на владата на ВМРО-ДПМНЕ за пошумување на Македонија.
Несериозно е кога СДСМ зборува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не пошумувала доволно. Несериозно е кога СДСМ дели лекции за субвенционирање јавен превоз, кога во нивно време граѓаните се возеа во праисториски автобуси и никој немаше повластувања во користењето на јавниот превоз.
Здравјето на граѓаните не смее да зависи од несериозниот и неконзистентен став на СДСМ. Здравјето на граѓаните не треба да зависи од дневната политика на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ се соочува со проблемот и постојано работи во насока на пронаоѓање подобри решенија за овој децениски проблем.
Токму затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли.
Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици.
Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
Здравјето на граѓаните не трпи несериозност каква што покажува СДСМ со тезите кои се надвор од здравата логика. Ваквиот однос СДСМ го имаше и кога беше на власт и нивните министри за животна средина со прст не мрднаа да спроведат барем еден проект за справување со овој проблем.
Затоа граѓаните на 24 април, за само 135 дена по десетти пат по ред на СДСМ ќе му покажат каде им е местото на лагите и манипулациите од Бихаќка.Граѓаните знаат дека и пензионерите со години ги користат бенефитите на субвенционираниот превоз во јавниот сообраќај.
Денес целиот ав