ВМРО-ДПМНЕ се занимава со фабрики кои вработуваат луѓе, СДСМ со фабрика за афери

ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи со најобемната програма досега.На денешната трибина на владеjачката партија предводена од Никола Тодоров се собираа идеи од граѓаните на Виница кои ќе се најдат во предизборната програма на ВМРО ДПМНЕ.
Тодоров посочи дека партијата која е на власт воведе пракса на подготовка на програма за работа слушајќи ги идеите на граѓаните и ним им доставува отчет за сработеното.Од  друга страна, посочи Тодоров, праксата на СДСМ се само голи ветувања.
-Ова мора да се има во предвид кога се оценуваат политичарите. На овие избори ќе ја имаме најобемната програма досега. Во 2006та година наследивме највисок процент на невработеност од независноста на Македонија и тоа 39 проценти невработеност. Од 2006та до сега се отворени 150000 нови работни места и со тоа невработеноста е намалена на 25,5отсто.  Виница преку овие параметри може да направи разлика- во 2006та имаше 3500 невработени, а 3700 бработени. Денес има 1800 невработени, а 5100 вработени ваши граѓани, рече Тодоров.
Тој посочи дека додека ВМРО-ДПМНЕ се занимаваше со отворање на нови фабрики во кои се вработуваат луѓе, СДСМ се занимавале со фабрика за афери.На денешната трибина на владеjачката партија предводена од Никола Тодоров се собираа идеи од граѓаните на Виница кои ќе се најдат во предизборната

Пронајдете не на следниве мрежи: