Радмила Шекеринска и СДСМ се во паника и треба да бидат доколку направиле криминал на изборите во Струмица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Реакција на изјавата на Радмила Шеќеринска
ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите да си ја вршат својата работа професионално и да не потпаѓаат под притисоците од страна на СДСМ.
Доколку било формирано злосторничко здружение во општина Струмица во кое биле вклучени и физички и правни лица, а кои биле користени за незаконско влијание врз гласачи, правдата мора да биде спроведена.
Што се однесува до политичкото реноме на Радмила Шекеринска, најпоразуваниот политичар во Република Македонија, сите зборови се излишни. Шеќеринска и СДСМ се автори на една од најголемите лаги во историјата на македонската политика: ветуваа по еден вработен од секое семејство.
Не исполнија. Шекеринска е автор на најлузерската најава во историјата на македонската политика – вети дека ќе ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО за шест месеци. Проблемот кој Грција го има со нашето име и за кој се преговара со децении, Шеќеринска најави дека ќе го реши за шест месеци.
Дали во тандем со филозофијата на Заев за виткање кичми, официјално сеуште е непознато. Шекеринска, Заев и СДСМ може да ветуваат и најавуваат што сакаат, меѓутоа граѓаните многу добро ги паметат делата на овие лица. Затоа не им дозволуваат да припарат до власта и после десет години во опозиција.
Граѓаните нема да дозволат ненародна власт и после 5-ти јуни СДСМ ќе продолжи да биде во опозиција, каде и ќе остане вечно додека е раководен од вечни лузери како Шекеринска и еластични кичми како таа на нејзиниот шеф Заев.Реакција на изјавата на Радмила Шеќеринска
ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите да си ја вршат својата работа професионалн