СДСМ од стадиум на очај преминуваат во хистерија. СДСМ не знае веќе како да се извади од калта во која се заглавија со фабриката за афери и затоа мораат да праќаат панични соопштенија.Ви ја пренесуваме реакцијата на владејачката партија:
Џабе ви е! Вие ја создадовте фабриката за афери и фалсификатори и сега тоа секој го знае! Јавноста ја дозна подлата намера на СДСМ со фалсификат да ја манипулира јавноста. Јавноста јасно виде дека СДСМ е во директна коалиција со криминалот.
Впрочем лидерот на СДСМ Зоран Заев е фотографиран во пријателски разговор со Захир Бекири Чауш, во ноќни часови во партиските простории на седиштето на СДСМ. Зоран Заев и Оливер Спасовски се тие кои се среќавале, договорале и фотографирале со криминалци со дебели досиеа. Во фабриката на криминалците кои патем се и членови на СДСМ, се откриени огромен број фалсификувани лични карти, фалсикикувани банкарски сметки, фалсификувани бугарски пасоши, па дури и десетици илјади телефонски разговори кои нелегално се стекнати.
Фактите и вистината излегоа во јавноста. Сите го видоа криминалното лице на СДСМ. СДСМ покажаа дека се спремни со криминалци и фалсификатори да се здружат за да ја манипулираат и лажат јавноста и така да се обидат да дојдат на власт. За СДСМ и нивното раководство нема веќе бегање, нема веќе лажење.
Маглата која ја сееа се крена и јасно се виде нивниот криминал. Сега СДСМ по испробан рецепт ќе се обидува да лаже, да измислува афери, да спинува.
Но, овојпат ништо не ви поминува. Вардар не ве пере. Една добронамерна порака до СДСМ: Ако досега беше јасно дека ќе изгубите на престојните избори сега е јасно дека ќе изгубите катастрофално и наместо со лаги достоинствено признајте и покајте се бидејќи денот на народниот суд, 24-ти април незапирливо се ближи.Ви ја пренесуваме реакцијата на владејачката партија:
Џабе ви е! Вие ја создадовте фабриката за афери и фалсификатори и се