четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВМРО- ДПМНЕ со амандмани за реконструкции и нови училишта, водоводи, нови патишта, електрични автобуси за градски превоз во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во пресрет на ребалансот на Буџет за 20017година која што е предложен од Владата на Република Македонија во македонското Собрание од понеделник ќе започне амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет.Од над 700 амандмани кои што се поднесени од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ има многу амнадмани кои што, како што велат од партијата се значајни за градот Скопје.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека новата Влада скратила многу средства за значајни проекти за главниот град и оттука истите се поднесени како амандмани кои што се надеваат дека ќе бидат прифатени од мнозинството во Собранието бидејќи се во полза на граѓаните.
Како позначајни и приоритетни можеме да ги издвоиме изградба на ново училиште во Аеродром, реконструкција на средните училишта во Драчево, Ѓорче Петров и Аеродром, потоа реконструкција на Универзалната сала, набавка на 30 електрични минибуси и 20 електрични антобуси, изградба на неколку кружни тека низ градот за полесен проток на сообраќајот, нова пожарна станица во Кисела Вода и Бутел, иградба на велосипетска патека Кисела Вода-Центар-Ѓорче Петров, водовод во Гази Баба, Нерези Карпош и Ѓорче Петров, изградба на патот од американска амбасада преку Момин поток и индустриска зона до обиколницата како и други проекти кои што произлегуваат од барањата на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека овие амандмани но и сите останати кои се однесуваат на останатите градови и сите граѓани на Република Македонија се реални и упатуваат апел до Владата и до парламентарното мнозинство да се обезбедат средства за реализација на овие значајни проекти.Од над 700 амандмани кои што се поднесени од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ има многу амнадмани кои што, како што велат од партијата се значај

Поврзани вести