Тврдењата на СДСМ за половина милион фантомски гласачи на Избирачкиот список беа со цел да се иницира криза во земјава која потоа би отворила простор за воведување двојазичност, кантонизација и промена на Уставот, смета ВМРО-ДПМНЕ.-Веќе нема ниту најмала дилема дека срамни и безочни беа лагите дека немало повеќе од 1,5 милиони избирачи. Веќе нема ниту најмала дилема дека СДСМ го подметна сценариото со избирачкиот список само за да иницира криза која потоа би отворила простор за реализирање на големиот план на Зоран Заев, план кој подразбира воведување на двојазичност, кантонизација и промена на Уставот. План кој Зоран Заев го најави пред албанската дијаспора во Швајцарија, вели ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение домедиумите.
Со затварањето на Избирачкиот список,нагласува, се затвори и едно од најсрамните поглавја во историјата на независна Македонија, во кое СДСМ цели две години ја лажеше и манипулираше македонската јавност дека имало половина милион фантоми.
– Измислените половина милион фантоми беа главниот аргумент на СДСМ да ја оспорува волјата на народот од изборите во 2014 година и да ја втурне Република Македонија во најголемата политичка криза. Новиот избирачки список има 5.000 повеќе гласачи од Избирачкиот список во 2014 година. Составот на ДИК во кој мнозинство има токму СДСМ потврди дека Избирачкиот список сега брои 1.784.524 избирачи за разлика од списокот во 2014 година кој броеше 1.779.500 избирачи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Единствената забелешка која СДСМ ја достави до ДИК, се додава, беше листа со 38 имиња на граѓани кои починале, а кои веќе биле избришани од Избирачкиот список.
– На 11 декември народот масовно и рефендумски ќе му порача на Заев дека никој никогаш не смее да помисли заради ситни политички или лични интереси да тргува со највисоките национални интереси, се потенцира во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.-Веќе нема ниту најмала дилема дека срамни и безочни беа лагите дека немало повеќе од 1,5 милиони избирачи. Веќе нема ниту најмала дилема дека СДСМ