ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник 2-ри Август – Илинден.интегрален текст од честитката на ВМРО-ДПМНЕ
Денес Македонија ја прославува борбата на илјадниците македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна татковина, Република Македонија.
Празникот Илинден е силно вкоренет во традицијата, но и меморијата на граѓаните на Македонија како симбол на неопокорот на големиот број знајни и незнајни јунаци кои се жртвуваа пред олтарот на слободата.
На ден Илинден 1903-та година во славното Крушево нашиот народ манифестираше одлучност и храброст, љубов кон својата земја и кон своите вековити огништа и во таа своја беспоштедна борба го посеа семето на државноста. Стремежот за сопствена држава продолжи да се разгорува во време на Народно ослободителната и антифашистичка борба и резултираше на 2 август 1944 година со остварување на вековниот сон за сопствена државност на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински.
Темелот на македонската држава поставен на двата Илиндени, е поставен на борбата и жртвата на плејадата дејци од двете епохи, и е аманет за сите идни генерации да ја продолжат оваа борба. Борбата на еден народ не прекинува со еден историски чин. Таа трае, затоа што како што вели големиот македонски револуционер Јане Сандански “Да живееш, значи да се бориш. Поробениот – за слобода, а слободниот – за совршенство“.
Драги сограѓани,
Пред нас е нова и постојана борба, борба за напредна, современа и достоинствена македонска држава, рамо до рамо со сите европски држави. Нашата борба, но и борбата на сите идни генерации е да изградат општество на благосостојба, повисок стандард, подобро здравство, земјоделство и образование.
Нека е честит и вековит Илинден!
Нека е вечно делото на двата Илиндени 1903 и 1944 година!
Нека е вечна славата на борците за слобода и државност!
Нека е вечна нашата таковина Македонија!интегрален текст од честитката на ВМРО-ДПМНЕ
Денес Македонија ја прославува борбата на илјадниците македонски дејци, револуционери и борци