Оливер Спасовски и СДСМ не можат со молчење да ја покријат аферата за фалсификувани лични карти која пред 15 дена ја објави неделникот Фокус, близок токму до СДСМ.Излегоа три броја од Фокус, а Спасовски се сокри од јавноста и не кажа ниту збор околу 30000 фалсификувани лични карти кои според Фокус биле употребени за изборна измама. Јавноста бара информации зошто Оливер Спасовски прикрива кој стои зад наводниот скандал кој го обелодени Фокус.
Јавноста бара информации кои се членовите на Избирачките одбори што им овозможиле на лицата со фалсификувани лични карти да гласаат на избирачките места. Јавноста бара информации каде се изработени фалсификуваните лични карти и кој ги координирал активностите.
Оливер Спасовски мора да одговори зошто прикрива каде се уште 29 900 фалсификувани лични карти. Технички поставениот министер Оливер Спасовски ги има сите ресурси на МВР и сите овластувања да издаде соодветни наредби за овој случај да се заврши брзо и ефикасно и виновниците да бидат изведени пред надлежните судови.
Зошто господине Оливер Спасовски не го сторите тоа? Не сте повеќе само генерален секретар на СДСМ, сега сте технички назначен за министер за внатрешни работи и треба да работите за сите граѓани. Граѓаните од Вас бараат да ја решите оваа афера и да дадете одговори. Доколку станува збор за фабрикување на афера, граѓаните бараат и во тој случај да постапите според законот и лицата кои ја фабрикувале оваа афера да ги соочите со правдата.
Ваша обврска е да спречите овие избори да имаат каква било дамка. Не смее да ја злоупотребувате функцијата за да му обезбедувате алиби на вашиот лидер повторно да не ги признава изборните резултати. Министерството досега покажало дека е компететно да се справува и со потешки предизвици и затоа немате право да се криете и да молчите за ваква сериозна афера. До изборите остануваат уште 140 дена.
Престанете да молчете. Јавноста бара одговори и конкретни мерки од вас како технички министер за внатрешни работи. Или сторителот на евентуалниот фалсификат или фабрикувачот на оваа афера мора да одговараат.Излегоа три броја од Фокус, а Спасовски се сокри од јавноста и не кажа ниту збор околу 30000 фалсификувани лични карти кои според Фокус биле употре