Технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и денеска одбегна да каже дали медиумите се во право со тврдењата поткрепени со докази дека ја измислил и фабрикувал аферата со обрасците за возачки дозволи. Единствено што направи Оливер Спасовски e бегањето од првичните тврдења дека открил сериозен меѓународен криминал преку кој можеле да се остварат милионски профити. Со тоа Спасовски мисли дека срамот од оваа измислена афера ќе биде заборавен.Медиумите тврдат дека Спасовски знаел дека не постои никаква афера ниту „можен криминал со повеќе милиони евра нелегален прилив од нелегално издадени документи“ како што самиот лажеше, туку дека се работи за техничка грешка на реномираната компанија која е изненадена зошто овој случај е злоупотребен за фабрикување на афера.
Од германската компанија соопштија дека директорот на „Гисеке и Девриент“ веднаш по дознавањето за направениот технички пропуст долетал во Скопје, се извинил во име на компанијата и најавил изработка на нови обрасци на трошок на компанијата, што Спасовски и го прифатил.
Меѓутоа веројатно преголем бил притисокот од Бихаќка по секоја цена да се работи на намалување на интензитетот од вистинскиот огромен скандал со Фабриката за Афери на СДСМ-овскиот пулен Захир Бекири Чаушот. Затоа Спасовски иако знаел дека не станува збор ниту за криминал, ниту за кражба на идентитети, во очај одлучил да го злоупотреби пропустот на германската компанија и да ги лаже бесрамно во очи граѓаните на Република Македонија.
За оваа цел Спасовски и СДСМ се послужија со истите методи како и нивниот близок пријател и сопартиец Чауш: фабрикување афери. И аферата на Спасовски заврши исто како и Фабриката за афери на СДСМ – неславно и по брза постапка.
Меѓутоа останува големиот срам кој Спасовски и СДСМ го нанесоа на Министерството за внатрешни работи, на Република Македонија уште еднаш на меѓународно ниво, како и срамот кој им го нанесоа на сите членови и поддржувачи на СДСМ за невиденото дно на кое падна нивната партија во време на ова раководство. Затоа Спасовски треба да се извини и на вработените во МВР и на германската компанија и на граѓаните.Медиумите тврдат дека Спасовски знаел дека не постои никаква афера ниту „можен криминал со повеќе милиони евра нелегален прилив од нелег