На денешната прес конференција ги видовме СДСМ во Штип како лицемерно говорат за економската состојба на вработените во текстилната индустрија и кожарската индустрија во Штип.Граѓаните во Штип убаво се сеќаваа што се случуваше во времето кога на власт беше СДСМ: затварање на ПИ „Македонка“, затварање на МК „Астибо“ и ЗИК „Црвена ѕвезда“, „Политекс“ и фабриката “Селена“, илјадници наши сограѓани останаа без работа, илјадници семејства во Штип останааа на работ на егзистенцијата. Токму во Штип најсилно се почуствува погубната и криминална транзиција на СДСМ од која во цела Македонија настрадаа 200 000 работници.
СДСМ очигледно сакаат да заборават, но граѓаните убаво знаат дека во времето додека тие беа на власт не постоеше категоријата минимална нето плата. Во тоа време работниците во текстилната индустрија работеа најчесто непријавени за плати кои едвај достигнуваа 5 000 денари. Вработените за кои денес СДСМ зборува беа третирани во нивно време како луѓе од трет ред, без право на достоинствена плата и оставени без елементарната егзистенција.
Граѓаните добро знаат дека Минималната нето плата беше воведена со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните знаат дека Ветувањата на СДСМ за повисоки плати не се за верување, затоа што тие ветуваа и вработување на по еден човек во секое семејство па сите видоа дека тоа испадна една шарена лага.
Во СДСМ треба да сватат дека кога еднаш ќе излажеш, веќе никој не ти верува…и тоа е она што им се случува. СДСМ поради своите лаги и манипулации губи на изборите десет пати по ред, а тоа ќе им се случи и повбторно како казна за потценувањето на сопствениот народ.Граѓаните во Штип убаво се сеќаваа што се случуваше во времето кога на власт беше СДСМ: затварање на ПИ „Македонка“, затварањ