Медиумите кои се на други крстосници кога СДСМ тепа невини граѓани по улица и унитшува државен имот, продолжуваат со непринципиелното и небалансирано информирање.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
ТВ 24 Вести и ТВ Телма вчера во еден блок на централните вести и дебатни емисии им доделија 9.146 секунди на тезите базирани на измислиците на СДСМ со кои неаргументирано се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ.
Од почетокот на јуни СДСМ доби 109.829 секунди само во еден програмски појас на овие две телевизии за ширење на своите лаги и манипулации. Стотици и стотици часови добива СДСМ секој месец за да ги пласира измислиците од Фабриките за афери преку своите гласила и да ги манипулира граѓаните.
Партиските гласила на СДСМ меѓу порталите како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила, вчера повторно работеа со стотици нарачани текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
За сите медиуми кои не работат по диктат на СДСМ, манипулаторите од Бихаќка бараат драконски казни, им се закануваат со затворски казни, Заев ги прогласува за политички непријатели, а активистите на СДСМ им ги демолираат редакциите и им се закануваат по живот на новинарите. Нивните обиди сто пати да кажат лага која треба да стане вистина не проаѓаат.
Рејтингот им тоне, бидејќи народот е строго против деструкцијата и измислиците од Фабриките за афери на СДСМ. Кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори, кога и да се случи тоа, ќе биде казнет жестоко од граѓаните.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
ТВ 24 Вести и ТВ Телма вчера во еден блок на централните вести и дебатни емис