Pеакција на соопштението на СДСМ во врска со избирачкиот список.Деновиве сме сведоци на спроведување на ново сценарио за спас на раководството на СДСМ со три цели: алиби за да ги одложи изборите, алиби за да не излезе на избори или алиби за да не ги признава резултатите од изборите.
За таа цел од СДСМ измислуваат конструкции на кои им се смее и Даниела Рангелова од Брвеница и сите граѓани на Република Македонија.
СДСМ лажеше дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова живеела во Брвеница и на нејзина адреса имало 127 фантомски гласачи.
СДСМ лажеше дека на адресата на која живее пратеникот Димитар Стевананџија се регистрирани 22 гласачи. Стевананџија појасни дека станува збор за станбена зграда стара 55 години со 2 влеза и 16 станови во кои живеат неговите соседи. Манипулацијата на медиумите финансирани од Сорос и СДСМ е во тоа што ги вадат сите лица кои живеат на адреса ул. „Борис Кидриќ“ бр 16, но не кажуваат за колку станови станува збор.
СДСМ лажеше и дека пратеникот Павле Саздов поседува куќа во Бутел и дека на таа адреса се регистрирани 15 гласачи. Саздов јавно соопшти дека куќа и стан во Република македонија не поседува, а на адресата на која што живее се регистрирани само тој и неговата сопруга што може да се види со обична проверка на избирачкиот список.
Толку од аферите на СДСМ. Толку од фантомските гласачи на СДСМ.
Откако не успеаја овие измислици, медиумите под контрола на СДСМ започнаа да се повикуваат на јавувања од анонимни граѓани кои виделе фантомски гласачи во своите домови. Апсурдни и трагикомични се ваквите сценарија на СДСМ за спас на раководството на партијата.
За СДСМ фантомски се сите граѓани кои не гласаат за нивната деструкција и кои ги читаат лесно проѕирните манипулации од фабриките за афери на СДСМ.
Разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не е 10, ниту 100, ниту 1000 или 10 000 гласа. Разликата е 200 000. СДСМ знае. Затоа се плаши и бега од избори.
На граѓаните им е совршено јасно дека СДСМ губи само поради себе, поради политиката на деструкција и манипулација со која сака да ја покрие безидејноста и мрзеливоста.
СДСМ сака со фабрикување скандали да дојде на власт. На власт се доаѓа со добивање доверба од граѓаните, а не со лажење на граѓаните.
Ваквите обиди за манипулирање на СДСМ наидуваат на потсмев во јавноста. Граѓаните на 5-ти јуни на фантомските предводници на ваквиот катастрофален СДСМ ќе им го покажат патот надвор од политиката.Деновиве сме сведоци на спроведување на ново сценарио за спас на раководството на СДСМ со три цели: алиби за да ги одложи изборите, алиби за д