Телевизиите кои според СДСМ се фер и избалансирани бидејќи секојдневно отстапуваат илјадници секунди на манипулативната пропаганда на опозицијата, вчера повторно на не им овозможија на граѓаните да ја дознаат целата вистина.
Граѓаните кои ги следеа овие медиуми не дознаа дека во Скопје се отвори нов современ центар за цистична фиброза или дека се промовираа 10 нови наслови од проектот Превод на стручни, научни книги и учебници. Немаше ниту збор за тоа дека додека во државата заседаваше Советот за безбедност поради ескалирањето на состојбата на јужната граница, технички назначениот министер Оливер Спасовски наместо меѓу своите полицајци беше предводник на толпата која застана наспроти нив, во обид да се нападне Уставниот суд.
Но затоа телевизија Телма во 7 прилози во централните вести одвои 1270 секунди простор во кој доминираа тезите и манипулациите на СДСМ, а веднаш после дневникот во дебатна емисија „експертите“ на СДСМ добија уште 4200 секунди медиумски простор за да ја промовираат партиската агенда за создавање алиби за бегство од изборите, нивно одложување или алиби за непризнавање на резултатите.
24 Вести во вкупно 9 прилози одвоија цели 1150 секунди во комплетно покривање на протестите на СДСМ насочени кон рушење на Уставниот суд, а после централните вести во дебатна емисија секундажата за неаргументираното напаѓање врз ВМРО-ДПМНЕ се зголеми за уште 2000 единици.
Oва се вкупно 8620 секунди за наративот на СДСМ базиран врз измислиците и конструкциите од фабриките за афери – во само еден програмски појас во еден ден. Вкупно во истиот временски појас на СДСМ од почетокот на март му се „подарени“ 55.915 секунди.
Медиумите за кои граѓаните велат дека иако се финансирани од СОРОС се уредувани од СДСМ, како Плусинфо, Либертас, А1он, Фокус, Нова Тв, исто како и телевизиите во целост беа насочени кон покривање на протестот организиран од СДСМ во кој ќе се влечеа за уши и ќе се креваа на клоци уставни судии. 235 написи на само неколку медиуми беа посветени на фаворизирање на измислиците и конструкциите на СДСМ и неаргументираните напади врз ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ сака сите медиуми да се вака „избалансирани и фер“, со илјадници и илјадници секунди на телевизиите и написи по медиумите за промоција на лагите на СДСМ.
СДСМ не сака слободни медиуми, туку сака тотална контрола врз медиумите. СДСМ сака сите медиуми да ги шират нивните лаги од фабриките за афери како измислиците за наводните афери со пасошите, личните карти, возачките дозволи, Даниела Рангелова од Брвеница и жителите на Битола кои СДСМ ги прогласи за фантомски гласачи.
СДСМ сака сите медиуми да молчат за тотално неодговорното однесување на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните на критичните точки, предводеше протести за палење на Уставниот суд.
СДСМ сака сите медиуми да им помагаат во сценариото за создавање алиби за бегство од избори, за одложување на изборите или за непризнавање на изборниот пораз.
За оние медиуми кои нема да ги следат нарачките за пропмоција на фабрикациите на СДСМ, Заев бара одземање на лиценци и драконски парични
Ваквиот тоталитарен пристап на СДСМ кон медиумите го има уште само во Северна Кореја и ИСИС.
Граѓаните кои ги следеа овие медиуми не дознаа дека во Скопје се отвори нов современ центар за цистична фиброза или дека се про