Граѓаните кои ги следат медиумите блиски до СДСМ или финансирани од Сорос повторно немаа прилика да ги слушнат сите факти и да добијат вистинска слика за тоа што се случува во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту Телма ниту 24 Вести не информираа за реакциите на револтираните граѓани кои СДСМ ги нарекува фантомски за да обезбеди алиби за бегство од избори, нивно одложување или непризнавање на резултатите.
На 24 Вести немаше ниту збор за тоа дека Катица Јанева не се појави на надлежната собраниска комисија за да го образложи извештајот за работата на СЈО.
Но затоа само на овие две телевизии пропагандата базирана на лаги и измислици од СДСМ и партиските насоки од Бихаќка за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ беше застапена со вкупно 10.439 секунди во само еден појас на информативни програми и дебатни емисии или неколку пати повеќе од тоа во текот на целиот ден.
Вчера ТВ 24 Вести во натпреварот за тоа кој ќе отстапи повеќе простор за пропагандата на СДСМ базирана врз лаги и манипулации учествуваше со 879 секунди. Во дебатните емисии на оваа телевизија на манипулациите на опозицискиот блок и извртување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ им беше доделена секундажа од 4800 секунди.
ТВ Телма вчера во централните вести во 860 секунди дозволи промоција на манипулативната пропаганда базирана врз измислиците на СДСМ и неаргументираните напади врз ВМРО-ДПМНЕ. Во просторот за дебатни емисии 3900 секунди добија опозициските мегафони.
Од почетокот на март СДСМ доби 90.640 секунди во само еден програмски појас на две телевизии кои според извештаите од Бихачка се фер и балансирани и не се ставени на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ.
Кај соросовите портали како Плус Инфо, Либертас, А1 Он, Нова Тв, Фокус и другите кои граѓаните ги препознаваат како мегафони на опозицијата ништо ново. Според предвидената норма, објавени се 90 неаргументирани написи против ВМРО-ДПМНЕ, а бројот на текстовите во кои се промовираат манипулациите на СДСМ изнесуваше 135. Од балансираното новинарство кај овие портали важи само балансот на банкарското салдо после посетата на Сорос.
Ваква медиумска Македонија сака да гледа СДСМ. Сите портали и телевизии кои спроведуваат директиви од СДСМ се прогласувани за добри телевизии, а сите кои не се покоруваат на наредбите од Бихаќка треба да бидат казнети со одземање лиценци.
Тоа е лицемерието на СДСМ во врска со медиумите и правото на слобода на информирање. СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.
Ваквото тоталитарно однесување на СДСМ кон медиумите одговара на стандардите на Северна Кореја и ИСИС.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту Телма ниту 24 Вести не информираа за