Транспареност Македонија, приврзокот на СДСМ и нивна инсталација во граѓанскиот сектор, очигледно добило задача да ја дефокусира јавноста од очајот кој владее во нивната матица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Оваа квази невладина организација никогаш не наоѓа причина да ги коментира скандалите во раководството на СДСМ, туку по нарачка излегува со конструкции и манипулации како и нивните налогодавци.
Впрочем што друго да се очекува од оваа продолжена рака на СДСМ во која продефилирале Гордан Георгиев, Ѓунер Исмаил, Сашо Ордановски, Дане Талески, Ванчо Узунов, Марјан Забрчанец и уште неколку други видни членови на СДСМ и платеници на СОРОС.
Целокупната финансиска работа на ВМРО-ДПМНЕ е транспарентна и согласно правните прописи на Република Македонија, што не е случај со нивната матична партија СДСМ.
Ако навистина сакаат да се позанимаваат со вистински афери ги повикуваме членовите на Транспареност Македонија кои до пладне се партиски активисти на СДСМ, а попладне глумат експерти, да ги погледнат финансиските трансакции на нивните партиски патрони и ангажирањата на странски консилиери, да ја разгледаат Фабриката за Афери на СДСМ, фабриката за провизии на Вицето, да погледнат во дебелите имотни листови на Заев, Шекеринска и Шилегов.
На 24 април и СДСМ и ваквите приврзоци на СДСМ, платени со дебели странски хонорари, ќе бидат казнети во пакет од народот. Пакетот ќе биде сурово фрлен на политичкото и историско буниште, сакале тие тоа да го прифатат или не.Оваа квази невладина организација никогаш не наоѓа причина да ги коментира скандалите во раководството на СДСМ, туку по нарачка излегува со констру