Медиумите кои секојдневно отстапуваат илјадници секунди за пропагандата и манипулациите од фабриките за афери на СДСМ во своите информативни програми повторно известуваа селективно.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја слушнат вистината. Граѓаните кои ги следеа овие медиуми не дознаа дека на промовирањето на Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ, беше соопштено дека работата на владата на ВМРО- ДПМНЕ донесе рекордни 150.000 новоотворени работни места, од 560 000 вработени на над 710 000 вработени во Македонија.
Граѓаните кои ги следат медиумите кои го фаворизираат СДСМ немаа можност да дознаат дека платите на просветните работници се во постојан раст при што најниската плата од 2006 година до денес е зголемена за 119%, а највисоката за 67%, додека за пензионерите просечната пензија е зголемена за над 70%, а најниската за повеќе од 90%.
Граѓаните кои ги следат медиумите кои го фаворизираат СДСМ исто така немаа прилика да слушнат дека користа од политиката на ВМРО-ДПМНЕ ја почувствуваа и земјоделците преку обезбедената земјоделска поддршка во износ од 1 милијарда и 55 милиони евра. Но затоа телевизија Телма во 8 прилози во централните вести одвои 949 секунди простор во кој доминираа тезите и манипулациите на СДСМ. 24 Вести во 14 прилози одвои цели 730 секунди за измислиците од фабриките за афери на СДСМ со кои треба да се сокрие неспособноста на оваа партија за било што освен за лажење и манипулирање.
Порталите како А1Он, Либертас, ПлусИнфо, Фокус на Чауш и Арсиќ и Нова тв за кои граѓаните препознаваат дека работат по нарачка од Бихаќка, повторно објавија стотина текстови со неаргументирани критики кон ВМРО-ДПМНЕ и текстови во кои се промовираат нарачаните измислици и манипулации на СДСМ. Од почетокот на март СДСМ доби 80.201 секунди во само еден програмски појас на две телевизии кои СДСМ ги нарекува фер и балансирани и не ги вклучува во своите извештаи со кои го утврдува балансот во медиумите.
Другите телевизии кои не одвојуваат илјадници секунди секој ден за лагите на СДСМ, Заев веднаш ги става на списокот на политички непријатели на СДСМ и за нив бара одземање лиценци. Порталите кои не пишуваат илјадници текстови по нарачка на СДСМ се исто така вброени меѓу политичките непријатели на Заев и СДСМ и против нив се организираат хајки и се врши срамен притисок.
Ова е избалансираното новинарство за кое се бори СДСМ – да добива илјадници и илјадици секунди на телевизиите и нарачани текстови на порталите, за пласирање на нивните фабрикации и огромни лаги, како и за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.
Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни, фер и избалансирани медиуми.
Во реалноста, СДСМ се однесува тоталитарно како да е на власт во Северна Кореја или ИСИС.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат