Не запира неизбалансираното информирање на дел од медиумите на кои илјадници секунди секој ден добиваат измислиците и манипулациите од СДСМ и нивните фабрики за афери.
Ниту Телма ниту 24 Вести не информираа дека Катица Јанева го игнорираше Собранието на Република Македонија и не се појави на надлежната собраниска комисија за да го образложи извештајот за работата на СЈО.
Но затоа 24 Вести оддели 923 секунди од своите централни вести за промоција на измислиците и конструкциите на СДСМ, додека во дебатните емисии на оваа телевизија на манипулациите на опозицискиот блок и извртување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ им беше доделена секундажа од 3000 секунди. ТВ Телма вчера во централните вести во 739 секунди дозволи промоција на манипулативната пропаганда базирана врз измислиците на СДСМ и неаргументираните напади врз ВМРО-ДПМНЕ. Во просторот за дебатни емисии 4020 секунди добија опозициските мегафони.
Од почетокот на март СДСМ доби 99.322 секунди во само еден програмски појас на две телевизии кои според извештаите од Бихачка се фер и балансирани и не се ставени на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ.
За медиумите кои не доделуваат илјадници секунди секој ден за пропагандата на СДСМ, Заев најави драконски парични казни и одземање на лиценци.
Промоција на манипулациите на СДСМ и фабрикување измислици против ВМРО-ДПМНЕ имаше во 120 текстови објавени вчера по порталите како Фокус, А1Он, Нова тв, Либертас и Плусинфо кои граѓаните ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ.
Ова е избалансираното новинарство за кое се бори СДСМ – да добива илјадници и илјадици секунди на телевизиите и нарачани текстови на порталите, за пласирање на нивните фабрикации и огромни лаги, како и за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е тоталитарниот однос на СДСМ кон медиумите. СДСМ не сака слободни медиуми, туку сака тотална контрола врз медиумите.
Вакви медиумски стандарди како што сака да наметне СДСМ има само во Северна Кореја и ИСИС.
Ниту Телма ниту 24 Вести не информираа дека Катица Јанева го игнорираше Собранието на Република Македонија и не се појави на на