И наредните четири години ќе продолжи успешната политика за намалување на невработеноста со која во изминатиот период стапката беше редуцирана од 38 на 28 проценти, рече денеска Зоран Ставрески, носителот на пратеничката листа во изборната единица четири, по средба со граѓаните во Струмица, претставувајќи ја партиската програма 2014-2018 година.Според него, економскиот пораст, инвестициите и работните места остануваат во фокусот.
– ВМРО-ДПМНЕ ветува дека во следниот период ќе се отворат најмалку 64.000 нови работни места, а за тоа ветување имаме најдобра поткрепа во најавите што само во последните три недели ги направија девет странски инвеститори, кои ќе отворат вкупно 13.000 работни места – нагласува Ставрески.
Покрај отворањето работни места од страна на странските инвеститори во слободните и индустриските зони ќе има, рече, отворање работни места и од домашните инвеститори за кои се обезбедени многу стимулативни мерки како ослободувањето на работодавачот од плаќање придонеси за здравствено, пензиско и социјално осигурување доколку вработи младо лице до 29-годишна возраст.
– За младите предвидуваме низа мерки што ќе овозможат вработување преку отворање нови фабрики, одржување најдобра бизнис-клима во ЈИЕ и одржување ниски даноци – подвлече Ставрески.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се предвидени и мерки со кои Македонија и натаму ќе остане земја со најниски даноци во Европа. Реинвестираната добивка ќе биде оданочена со нула проценти, односно ќе биде целосно ослободена од оданочување.
– За домашните фирми предвидуваме и дополнителни мерки, нови 100 милиони евра субвенционирани кредити од Европската инвестициска банка со каматна стапка од само 5,5 проценти која што е субвенционирана од Буџетот со цел крајните корисници да ги имаат средствата со пониска камата. Дополнително на ова уште 10 милиони евра ќе бидат обезбедени за докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот, средства што исто така ќе се наменети за потребите за домашните фирми што се занимаваат со откуп и извоз на земјоделски производи, како и генерално извоз од Република Македонија, нагласи Ставрески.
За домашните фирми е планирано и намалување на казните, нивно нивелирање во согласност со големината на стопанските субјекти. Како што објасни носителот на листата, позначително намалување ќе има на казните за малите субјекти зашто ќе се утврдуваат пропорционално како процент од вкупниот приход и големината на претпријатието.
– ВМРО-ДПМНЕ ја почна и ја завршува кампањата за претседателските и парламентарните избори 2014 година со презентација на најквалитетната, најобемната и најдобра политичка програма воопшто изработена во Република Македонија. Програмата содржи 2.046 проекти со конкретни рокови, финансиски средства и надлежни институции за нивна реализација што дава сигурност за нивна реализација – истакна Зоран Ставрески.Според него, економскиот пораст, инвестициите и работните места остануваат во фокусот.
– ВМРО-ДПМНЕ ветува дека во следниот период ќе се от