Реакција на прес конференцијата на Дамјан Манчевски во име на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град СкопјеЛокалната власт во Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет со години работи за интересите на граѓаните на Скопје, реализирајќи голем број на проекти со кои директно им се подобрува квалитетот на животот.
Еве само дел од нив:
Во изминативе седум години проширени се голем број на улици, на потег со вкупна должина од околу 18 километри. Екипите на Градот Скопје во последниве шест години обновија (реконструираа) повеќе од 34 километри коловоз. Изградени се шест нови кружнин текови.
Во моментов на терен се вршат градежни работи со вкупна вредност од околу 956 милиони денари. Се работи на проширување и пробивање на нови булевари на потег со вкупна должина од околу 7 километри.
Во Скопје овие неколку години се изградени мостови, се реализира најголемиот проект за реконструкција и изграба на велосипедски патеки „Скопје Велоград 2014-2017“, се изградија 2 нови катни гаражи во центарот на Скопје со повеќе од 1.000 нови паркинг места.
Се реконструираат сите средни училишта, се градат нови водоводни и канализациони мрежи, се инвестира во нови паркови, целосно е обновен возниот парк на ЈСО со 300 нови автобуси, јавните претпријатија имаат нова опрема и механизација.
Ова се само дел од проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализира а поради кои СДСМ се разгневува. Ништо ново од СДСМ, партија која постојано настапува деструктивно и безидејно, без ниту еден конкретен предлог за реално подобрување на животот на скопјани. Токму спротивното – СДСМ во гнев и немоќ го оштетува и руши тоа што е направено за градот и неговите жители.
СДСМ може само да сонува дека така се добива довербата од граѓаните. Ова е докажано безброј пати на избори, а казната за СДСМ од граѓаните поради нивното деструктивно делување ги чека во првата наредна прилика.
Локалната власт во Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет со години работи за интересите на граѓаните на Скопје, реализирајќ