Во СДСМ владее очај. Тие и самите се уверени дека граѓаните немаат доверба во СДСМ да им дадат идеи, а не пак да им дадат доверба да бидат власт.Затоа СДСМ мора да пушта нервозни соопштенија полни со омраза и горчина. Тие гледаат дека граѓаните масовно се вклучија во кампањата на ВМРО- ДПМНЕ за прибирање на идеи за новата програма, бидејќи граѓаните знаат дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го вети и вклопи во својата програма, работи и да го реализира.
СДСМ не само што нема идеи, туку и нема веќе реализирани проекти за да излезат пред граѓаните и да бараат доверба на престојните избори. Ливадата во Сачево која пред три години ја промовираше Зоран Заев е сеуште празна и нема ни една од ветените 300 фабрики и не вработува ни еден човек од ветените 3000 вработувања.
Додуша СДСМ проба да реализира еден свој проект, Фабрика за Афери во Скопје, ама и тоа не им успеа, бидејќи беа навремено осуетени сите намери за фалсификати, лаги и манипулации кои требаше да ги лиферуваат во текот на изборната кампања.
Сега кога немаат фабрика за афери, кога немаат конкретна програма, кога немаат конкретни идеи и мерки, им останува само да пишуваат празни соопштенија во кои и самите не веруваат.
Само за потсетување на СДСМ, времето до изборите на 24-ти април е многу кратко и брзо тече. Народот ќе ве казни за сета деструкција и манипулација која ја правевте изминатиот период.Затоа СДСМ мора да пушта нервозни соопштенија полни со омраза и горчина. Тие гледаат дека граѓаните масовно се вклучија во кампањата на ВМРО-&