СДСМ продолжува со демонстрирање на очајната и панична состојба во која се наоѓа со секој ден со кој сме поблиску до изборите. Тоа е оправдано. СДСМ и треба да биде во паника.Во три смени и под полна пареа се ставени сите погони во Индустриската зона полна со фабрики за афери. Единствените фабрики кои СДСМ ги отворил а не ги ограбил, туку ги користи за да продуцираат лаги за кои СДСМ се надева дека ако бидат кажани по илјада пати ќе станат вистина. Не стануваат.
На СДСМ во отсуство на било каков резултат или конструктивна идеја му останува само да измислува и манипулира, живеејќи во надежта дека некој ќе им поверува на лагите и ќе добијат глас или два повеќе. Очајно, тажно и погубно.
Врв на трагикомедијата е што Шилегов, портпаролот на фабриката за афери, денес се расфрлаше со документи за медицинските установи во Кривогаштани и Секирарци. Кога СДСМ раководеше со здравството, Кривогаштани не знаеа да го покажат каде е на мапа, а Секирарци немаа поим дека воопшто постои. Во време на СДСМ поголема беше веројатноста да се пронајде живот во вселената, отколку здравствена установа во Кривогаштани и Секирарци.
Граѓаните тоа добро го знаат. Граѓаните паметат и ценат, резултатот е видлив и погубен за ваквиот СДСМ веќе 11 години без отстапка.
Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети томографи во Штип, Велес и Битола, томографи ќе има – и има, работат и им служат на здравјето на граѓаните. Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети магнетна резонанца во Битола и Штип, и тоа ќе го исполни. Шилегов може да прошета до Битола и Штип за да се увери и самиот дека медицинската опрема е инсталирана, оперативна и граѓаните и докторите се задоволни.
Шилегов може да помине и до Св. Еразмо во Охрид за да види до каде е реконструкцијата, или во ПЕТ центарот и во детската болница во Козле, во новата гинеколошка клиника, или во било кој од другите многубројни новоизградени или комплетно реновирани објекти во здравствената инфраструктура. Таму може да ја лоцира и опремата која во вредност од повеќе од 115 милиони евра е досега инсталирана и функционира, исто како што ќе биде и новата најавена во циклусот од 33 милиони евра кои ќе се вложат за таа намена.
Но, Шилегов и СДСМ не се заинтересирани за подобрување на состојбите. Ако беа немаше единствен успех во здравството да им е радувањето кога Македонија ќе добиеше донација во вид на половна медицинска опрема, бидејќи СДСМ во здравството вложуваше нула евра, ако ги изземеме ѓерданите кои Владо Димов им ги купуваше на колешките.
СДСМ не се менува, но не се менува ниту народот. Народот не им верува и тие тоа добро го знаат. И немоќни се да преземат било што па затоа се обидуваат да ги оцрнуват на проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги ветува и редовно реализира. Не им проаѓа, нема да им пројде ни на 11-ти декември. Казната од граѓаните доаѓа и ќе биде жестока.Во три смени и под полна пареа се ставени сите погони во Индустриската зона полна со фабрики за афери. Единствените фабрики кои СДСМ ги отворил а н