Навистина е жално да се гледа како преку прес-конференции СДСМ сака да ја замајува јавноста за состојбите во лозарството.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Зоран Ѓорѓиев
Жално е бидејќи лозарите се најнапатените од владеењето на СДСМ со Македонија. Сите лозари паметат дека СДСМ им ги подари винариите на своите олигарси.
Сите лозари паметат и дека во времето кога СДСМ владееше со Македонија, мастика за џвакање вредеше повеќе отколку 1 килограм грозје.
Субвенции? Едноставно немаше.
За разлика од времето на СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е земјоделска.
ВМРО-ДПМНЕ ја разбира маката на земјоделецот.
Денес ги помагаме лозарите кога подигнуваат нови лозови насади, а и кога набавуваат нова земјоделска механизација. Се овозможи и решавање на огромен проблем што лозарите го имаа со насадите на земјиште на кое немаа регулиран закуп, а се субвенционираат и постоечките лозови насади.
Денес лозарите се во директни разговори и со Владата и со откупувачите, додека во времето на владеењето на СДСМ маките на лозарите немаше кој да ги слушне, па ги сметавте за граѓани од трет ред.
Затоа на лозарите им е доста од ароганцијата на СДСМ и деструктивните политики на Заев кој се збогати со субвенциите од оваа Влада и криминалите во Општина Струмица.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Зоран Ѓорѓиев
Жално е бидејќи лозарите се најнапатените од владеењето на