СДСМ не може да се помири со фактот дека Општина Илинден е една од општините со најголем развој во која што од ден на ден квалитетот на животот се подобрува.СДСМ во оваа општина немаше заковано ниту еден клинец, камо ли да изгради некој објект.
Врвно лицемерие е СДСМ да говори за животот на граѓаните во општина Илинден, бидејќи тие за СДСМ не постоеа.
Здравствен дом Скопје има 58 објекти од кои 9 објекти се поликлиники, а останатите се амбулантски објекти.
Согласно активностите и планот за инфраструктурни реализации во Општина Илинден комплетно се изгради нова амбуланта во с. Миладиновци после цели 49 години. Во останатите две амбуланти во општината се реализираат тековни одржувања на објектите.
Општина Илинден има три амбуланти кои се во склоп на Здравствен дом Скопје, во с. Миладиновци, с. Кадино и с. Илинден. Здравствената услуга е на примарно ниво и опфаќа матични лекари, матични стоматолози како закупци на ординации, а во делот на јавно здравство услугата е од патронажни сестри и превентивни тимови за вакцинација на деца од предучилишна и училишна возраст.
Во амбулантата пред која СДСМ повторно лажеше и манипулираше работат 2 приватни здравствени установи со матични лекари и 1 матичен стоматолог кои имаат прикрепено 6000 пациенти. Јавното здравство е покриено со 2 патронажни сестри кои работат на теренот и превентивен тим за предучилишна возраст два дена во неделата и училишен тим за деца во тек на секој работен ден. Во амбулантата има и аптека. Хигиената се одржува од редовно вработена хигиеничарка во институцијата.
Кога беше СДСМ на власт, да знаеа како ќе изградеа нешто во здравството, а немаше парите да ги трошат на бисери и ѓердани, како и да формирање на партиски бизнис инкубатори за продажба на стентови.
Затоа СДСМ губи 9 пати по ред на избори. Затоа рејтингот на СДСМ е мизерни 15,7%, а на ВМРО-ДПМНЕ 36,8%. За 66 дена народот ќе им ја достави на СДСМ 10-тата по ред казна. Ита неизбежниот пораз за СДСМ на 24 април.СДСМ во оваа општина немаше заковано ниту еден клинец, камо ли да изгради некој објект.
Врвно лицемерие е СДСМ да говори за животот на граѓ