Уставниот судија Наташа Габер – Дамјановска е сестра на Виктор Габер, несудениот министер за надворешни работи од СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со Уставниот суд
Десната рака на Катица Јанева, обвинителот Гаврил Бубевски е кумашин на Филип Медарски. Медарски е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев, има сопруга судија во Основниот суд Скопје, а неговата мајка е Јавен Обвинител.
СДСМ е партијата која во само еден ден, за само 15-тина минути разреши и реизбираше 617 судии во Република Македонија. Јасно е зошто СДСМ го напаѓа судот. За нив независен суд е само судот кој одлучува по наредба на Бихаќка. Затоа СДСМ продолжува со притисокот врз Уставниот суд на Република Македонија. Тоа е истиот суд на кој СДСМ притискаше и во 2009 година да ги поништи измените во законот за помилување предложени од ВМРО-ДПМНЕ.
Здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2009“ беше ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување. Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој го аболицираше криминалецот Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е тој кој менува ставови во зависност од дневната политика и можноста која СДСМ ја гледа за да ја пласира својата политика на деструктивност и манипулации. Затоа СДСМ ги праќа пред уставниот суд своите соросови инсталации да им покажуваат среден прст и да им се закануваат со влечење за уши на уставните судии. Тоа е односот на СДСМ кон највисоката државна институција. Тоа е односот на СДСМ кон сите институции.
Само затоа што СДСМ не може да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност, го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
СДСМ треба да признае дека и после 10 години во опозиција има повеќе од дупло помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ затоа што освен деструкција, нема што добро да им понуди на граѓаните. Но, тоа го можат само политичари кои и мислат добро на земјата, а такви во СДСМ нема.
За раководството на СДСМ полесно е да се руши државата и нејзините инстутиции, отколку да се признае пораз заслужен со безидејност, неработење, фабрики за афери наместо проекти, измислици пласирани преку соросовите медиуми наместо работа во интерес на граѓаните.
Ваквото однесување на СДСМ наликува на опозиционите партии од соседството кои наместо работа во парламентот фрлаат димни бомби.
Затоа казната за СДСМ од граѓаните на 5-ти јуни е неизбежна.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со Уставниот суд
Десната рака на Катица Јане