Зоран Заев денес потврди дека сите од СДСМ, кои оркестрирано ширеа хистерија и ја труеа јавноста со наводни фантомски гласачи, се дел од провидното сценарио за бегање од избори на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа не поминува. Даниела Рангелова од Брвеница не е од вчера. Таа и нејзините соседи живеат во Брвеница со години и личните карти ги добиле многу пред да дојде на власт ВМРО ДПМНЕ, се додава во соопштението.
Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:
Тие не се виновни што во Брвеница нема систем на улици. Затоа и Жителите на брвеница и сите граѓани на Република Македонија го осудуваат обидот на Зоран Заев и СДСМ да ги прогласат за фантоми и да го оспоруваат нивното право на глас. Зоран Заев денес се обиде да ја смени реториката, па наместо да ги навредува граѓаните дека се фантоми, користи еуфемизам и ги споредува со неконзистентни гласачи. Иако Заев ја менува реториката, целта останува иста, да смисли алиби за ново одложување со соочувањето со народот.
Заев знае дека нема никакви фантоми или неконзистентни гласачи. Сите тие се државјани на Република Македонија со право на глас, по принципот еден човек еден глас, запишани само еднаш во единствениот избирачки список.
Нема бегање за СДСМ од избори. Нема веќе никакво алиби. СДСМ има контрола во двете најважни институции за спроведување на избори и нема веќе простор Зоран Заев да се крие зад избирачкот сиписок.
За сите лаги и манипулации Заев и Шекеринска ќе го доживеат најголемиот изборен пораз на 5 јуни. Овој десети јубилеен пораз по ред ќе биде казната за вашата деструктивна и безидејна политика која ја водите, од која најголема штета трпат граѓаните и самата Република Македонија.Тоа не поминува. Даниела Рангелова од Брвеница не е од вчера. Таа и нејзините соседи живеат во Брвеница со години и личните карти ги добиле многу п