Со секој ден поблиску до поразот од избори, СДСМ се повеќе и повеќе прави трагикомедија од себе.Заев и СДСМ ќе воведеле картички за бесплатен превоз, а бесплатен превоз веќе има, воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе воведеле бесплатен интернет, а и бесплатен интернет има.
Наредно што може да се очекува од Заев и СДСМ е да најават уште проекти кои се реализирани од ВМРО-ДПМНЕ, како на пример дека ќе преведат 1000 наслови од реномирани универзитети, ќе го реновираат студентскиот дом „Гоце Делчев“, ќе набават нови лифтови, мебел, перални и сушални, ќе делат ваучери за нови лаптопи и таблет компјутери, ќе ја намалат партиципацијата за неколку пати, ќе изградат нови објекти во рамките на студентскиот дом „Стив Наумов“ на местото на поранешните руинирани бараки.
Заев и СДСМ во недостиг на идеи, а во суфицит од желба за измислување и лажење поради паниката пред изборниот пораз може да најават уште повеќе проекти кои ВМРО-ДПМНЕ веќе ги реализираше, како на пример дека ќе воведат повеќе од 40 различни видови стипендии, бројни попусти при посети на музеи, театри, културни и спортски манифестации или наградно патување на атрактивни туристички дестинации за најдобрите студенти.
Сите овие проекти се реализирани или во фаза на реализација, и се само дел од проектите и мерките кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги презема со цел подобрување на студентскиот стандард и квалитет на живот.
Еве уште дел од нив: во 2017 година стапуваат во сила и неколку усвоени законски одредби со кои се предвидува намалување на партиципацијата за 50 проценти за студентите од самохрани и еднородителски семејства, се обезбедува парична стимулација за упис на технички факултети, промена на студентски статус, односно, доколку студент запишан на некој од државните универзитети во квотата со кофинансирање, по завршена втора студиска година на прв циклус на студии, по положувањето на сите дотогашни испити, оствари просечна оценка над 8.5, по автоматизам ќе биде префрлен во државна квота. Се воведуваат и стипендии за постдипломски и докторски студии.
СДСМ ова го знае, бидејќи се обидуваше да ги опструира и беше против сите овие мерки предложени и воведени од ВМРО-ДПМНЕ.
Студентите од друга страна знаат дека СДСМ е партијата која не закова ниту една шајка во студентските домови, партијата во чие време образованието беше луксуз, а партиципацијата астрономска, партијата која беше против нов универзитет во Штип и против дисперзираните студии.
Но, на листата на неуспеси на СДСМ од денес е и очајниот обид да прикаже како свои ветувања проекти кои веќе се реализирани од ВМРО-ДПМНЕ. Ниту една лага нема да ги спаси Заев и СДСМ од голем пораз на 11-ти декември.Заев и СДСМ ќе воведеле картички за бесплатен превоз, а бесплатен превоз веќе има, воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе воведеле бесплатен интернет