ВМРО- ДПМНЕ: Заев и Шекеринска се олицетворение за криминал и корупција

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Радмила Шекеринска нема никаво лице за да збори за напредок на Македонија.-Во првите 100 дена на новата влада на македонската економија и се случи економски крах. СДС ги стопираа сите покрупни инфраструктурни проекти. Не се довршија веќезапочнатите автопати и клиничкиот центар во Скопје. Земјоделците останаа без помош кога им беше најпотребна. За само 100 дена СДС државата ја задолжија за над 470 милиони евра кои ќе треба да ги враќаат сите граѓани. Во администрацијата направија хаос, а нови вработувања си добија нивните подржувачи од таканаречената шарена револуција, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на говорот на Шекеринска во Гостивар
Во реакцијата се продолжува дека Радмила Шекеринска е политичарот кој на штета на сите граѓани си направи бонбона бизнис со продажбата на ЕСМ.
-Зоран Заев и Радмила Шекеринска е олицетворение за криминал и корупција. Безброј пати се фатени во скандали и афери во барање на мито, превземање гиганти за багателни пари, издавање на станови. Радмила Шекеринска е политичарот од време на темната транзиција. Шекеринска ветуваше по еден вработен во секое семејстно, но владата во која таа беше вицепремиер зад себе остави 38 % невработеност. Шекеринска вечерва одржа празен говор, без ниту еден конкретен проект. Гостиварчани неможе да бидат изманипулирани, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Партијата порачува дека на 15 октомври народот ќе ја казни политиката на СДС.
 -Во првите 100 дена на новата влада на македонската економија и се случи економски крах. СДС ги стопираа сите покрупни инфраструктурни проекти. Не

Пронајдете не на следниве мрежи: