Градоначалникот Андреј Жерновски во манир на своите патрони од СДСМ сака својата неспособност да ја покрие со манипулации во јавноста.Жерновски мандатот наместо за реализирање проекти го троши во скандали. Граѓаните се сеќаваат на булдожерите кои Жерновски ги праќаше на водно, па после самиот протестираше на својата одлука. Граѓаните паметат и на неговата идеја за градење на бензиска пумпа на место на пазарчето Буњаковец.
Добро познато на јавноста е и поплочувањето на 50 метри улица за која потроши астрономска сума пари на граѓаните, сите знаат за платата на директорот на ПОЦ од 2000 евра и за именувањето на хаусмајсор за главен општински инспектор.
Андреј Жерновски со манипулациите и заканите покажува дека законските прописи ги познава онолку колку што познава и како треба да се раководи една општина. Хаус-мајстор логиката на водење општина и овој пат нема да успее да го изманипулира народот, како што не може да ги изманипулира и законите во Република Македонија.
Целокупната постапка за изградба на целокупниот објектот, вклучително и изградбата на натстрешницата е во согласност со закон и е водена во целосно транспарентна постапка.
Град Скопје неколку пати потврди дека станува збор за настрешница, за која по барање на ДГ Бетон АД Скопје за издавање на решение за изградба на настрешница во функција на објект со група на класа на намени Б-Комерцијални и деловни намени, со основна класа на намени Б4-Деловни дејности и Б5- Хотелски комплекси, Град Скопје издаде решение за одобрување на барањето со број 15/13-2287 од 26.02.2015 година. Град Скопје неколку пати повторува дека целокупната постапка е во согласност со закон и во целосна надлежност на Град Скопје и потенцира дека не станува збор за урбана опрема, туку за настрешница на објект за која е издадено решение согласно законските прописи во Република Македонија.
Сите обвинувања на градоначалникот Жерновски се неосновани, паушални и политички мотивирани. Жерновски и неговата способност за раководење општина се веќе прочитана книга. Затоа градоначалникот на Општина Центар се обидува со вакви жолчни изјави да фати некаква сламка на спасот и да ги покрие своите скандали. Жерновски нема да успее во намерата.Жерновски мандатот наместо за реализирање проекти го троши во скандали. Граѓаните се сеќаваат на булдожерите кои Жерновски ги праќаше на водно, па