Затоа на СДСМ повторно му е виновен целиот свет. Овој пат СДСМ се скара со интернетот.СДСМ во очај повторно лаже и ја манипулира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ не е на никаков начин поврзана со неуспехот на СДСМ да регистрира една најобична веб-страница.
Чудно е што СДСМ е толку нервозен за регистрацијата на еден веб-сајт кога нивниот партиски пулен Сашо Ордановски своевремено го најави крајот на интернетот.
Веројатно Ордановски мислеше токму на денешниот ден во кој дополнителниот заменски министер во МИОА Александар Кирацовски oбзнани дека целиот интернет е против СДСМ и ја започна битката против интернет мрежата.
Ова и се очекуваше од човекот кој во својата биографија наведува дека покрај бројни награди од спортски и играорни натпревари, има „познавања од интернет“ – како што стои во официјалниот документ со кој тој се кандидираше за дополнителното заменичко место.
Очигледно познавањето интернет на Кирацовски не било доволно за да се совлада непријателскиот интернет, па тој одлучи да посвети еден цел партиски прес во кој најави дека СДСМ од денес одлучно ќе се бори против светската интернет мрежа која е очигледно под контрола на ВМРО-ДПМНЕ: вмровскиот Google, вмровскиот YouTube, вмровскиот Facebook и сите други од денес големи непријатели на СДСМ.
Доколку СДСМ има желба за купување домашни производи односно македонски домени кои ќе им бидат од корист и интерес, ги информираме дека ZbogumZaev.mk е слободен за купување.
Слободни се и илјадници други веб-адреси кои СДСМ може да ги купува и да му наоѓа занимација на познавачот на интернет Александар Кирацовски до 24 април.
Било кој домен да го закупи СДСМ нема да го смени фактот дека времето немилосрдно тече и остануваат само 110 дена за СДСМ барем да се обиде да го поправи рејтингот од 14,7% кој заслужено го има, во споредба со исто така заслужениот рејтинг од 33,3% за ВМРО-ДПМНЕ.
Судејќи според приоритетите на СДСМ, црно им се пишува во април. Наместо да покажат резултат во презентирање идеи и програма, тие покажуваат нула на ова поле.
Наместо тоа, се бават со регистрација на веб-домени, но и тука не се успешни, и тука бележат нула. Па бараат оставка од Претседателот на Владата бидејќи не знаат да регистрираат веб-адреса. Трагикомедија.
Затоа 10-тата нула по ред за СДСМ на изборите во април е повеќе од јасна дури и за најголемите оптимисти на Бихаќка. На циркузот на СДСМ му доаѓа крајот на 24 април.СДСМ во очај повторно лаже и ја манипулира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ не е на никаков начин поврзана со неуспехот на СДСМ да регистрира една најобич