Сорос со отворено тврдење: „Ние одлучуваме како ќе изгледа светот!“.Пред неколку дена, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја изненади светската јавност со изјавата дека мултиглобалистот Џорџ Сорос е еден од господарите на хаосот и дека ја предизвикал мигрантската криза која во овој момент носи дестабилизација на Европа!
Тој додал дека Сорос е предводник на левичарските организации и активисти, под чија палка се одвива преселбата од еден континент на друг. Со тоа, Орбан стана првиот премиер на модерна Европа којшто се осмели јавно да каже дека светската елита управува со нашата реалност! Орбан изусти едно интересно предупредување: ја повика јавноста на будење за да не се случи некој од тие избрани поединци да завладеат со светот!
Со тоа, Орбан недвосмислено призна дека постои врвна власт на поединци коишто не се избрани од ниту една нација, а имаат тенденција да владеат со планетата. Значи, теоријата на заговор преку ноќ стана реалност! А дека Орбан е во право кога станува збор за Сорос, потврдуваат и самите постапки на Сорос.
Сорос се става во позиција да ѝ дава упатства на Европа, односно им заповеда на државниците на ЕУ: „Мора да ги примите мигрантите во Европа“. Тој отворено за Project Syndicate, социјален форум за отворена пропаганда, вели дека ЕУ е должна да згрижи најмалку милион муслимански мигранти годишно и да троши 16.8 милијарди долари годишно. Должна? Драги Европејци, дали сте знаеле дека му должите на Сорос?
Како што вели понатаму, парите за прифаќање на мигрантите ЕУ ќе ги добива од напредните европски земји и САД во облик на долгорочни обврзници, со што Сорос јавно признава дека ова е одамна испланирано!
„На ЕУ ѝ треба сеопфатен план да одговори на кризата, потребно е ефикасно управување со процесот за барање на азил и дека Европа на уреден начин и со добро темпо треба да ја задржи способноста да ги апсорбира. Да биде сеопфатна и планот да се прошири надвор од европските граници“, пишува Сорос и додава дека станува збор за глобалистички планови коишто треба да ги предводи ОН.
Индиректно, Сорос го потврдува сето она што теоретичарите на заговор го велат со години: Нов светски поредок ќе се воспостави под ОН, кои со децении се подготвуваат за хаотичната состојба за којашто сведочиме денес. Според Сорос, на мигрантите мора да им се дозволи сами да бираат каде ќе се населат. Така, ситуацијата како што е онаа во малото село Пошерсрид, кадешто на 40 жители се доселиле дури 120 мигранти (мажи), ќе стане константа на која сите ние ќе мора да молчиме, инаку ќе бидеме прозвани како „нетолерантни“.
„Инвазијата е водена – од една страна од криумчарите со луѓе, а од друга страна од оние активисти (за човекови права) кои го поддржуваат сето она што ја ослабнува државата“ , рекол Орбан, кој го навел Сорос како предводник и на едната на другата инвазија.
Сорос му договорил: „Неговиот план ја третира заштитата на националните граници како цел, а бегалците како пречка. Нашиот (Кои се тие? Кој го бирал Сорос за било што?) план третира заштита на мигрантите како цел, а националните граници како пречка“, што просто е шокантна изјава за целото човештво кое не е свесно дека Сорос отворено изјавува дека владее со светот и дека негова цел е свет без национални граници, што само уште еднаш ја потврдува теоријата за Новиот светски поредок.
Тоа го кажа и Орбан. Тој укажа дека целта на Сорос е уништување на националните граници и идентитетот на сите држави.
Но, проблемот лежи во луѓето коишто и понатаму не веруваат дека Сорос и останатата елита во овој момент го кројат светот по своја волја. Го менуваат човештвото бидејќи им се дозволува, а во лице ни кажуваат дека сме продукт на нивното самоволие и ништо повеќе од тоа.Пред неколку дена, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја изненади светската јавност со изјавата дека мултиглобалистот Џорџ Сорос е еден од господарите