ВНИМАТЕЛНО ДО 19. ЈАНУАРИ: Не дочекувајте го мракот надвор од дома, инаку…

Ви претставуваме некои народни верувања и обичаи. Во денешно време, во градовите кои никогаш не спијат и каде што светлата постојано се запалени и го бркаат мракот, поголем дел од жителите ќе речат дека легендите се само глупости.Сепак, во внатрешноста, по малите села и локации, приказната е сосема поинаква. Ако во некој од овие денови се најдете во едно такво местенце, некој постар човек или жена сигурно ќе ве предупреди да не тргнете на пат кон дома додека е мрак и дека најдобро би било и да го дочекате самракот во домот.
Сѐ до Богојавление (19. јануари) траат „Некрстените денови“. Станува збор за верување кое е од многу одамна и е длабоко вкоренето кај постарите генерации, па затоа би можеле да налетате на објаснување дека ова е период од годината кога Исус Христос сѐ уште не бил крстен и дека поради тоа земјата е „отворена“ и мртвите излегуваат, а заедно со нив и ѓаволите и другите демони.

Овие нечесн сили владеат од моментот кога ќе се стемни, па сѐ додека не се огласат првите петли. Токму поради тоа, во народното верување се вели дека преку ноќ не треба да се излегува од дома. Оној којшто ќе се осмели да патува по заоѓање на сонцето, според преданието нема добро да си помине, а ако некој баш мора да излегува, би требало со себе да носи лук, крст или некој остар метален предмет.
Слично на ова, во некои делови сѐ уште и до ден-денес се внимава жените никако да не предат, ткаат и не перат. Надвор не се остава ништо бело, а посебно се води грижа надвор да не остане детска облека бидејќи лошите сили на бајачките и уроците би можеле преку облеката да им наштетат на децата.
Како мерки на заштита во овој период не се работат некои потешки работи, не се крштеваат деца, не се оди на печалба и сл. Марко Цепенков забележал дека во овој период „навечер не бидувало да шијат терзиите, ниту жените бидувало да предат и друга работа да работат од Божик до Водици, чунки не била крстена водата и леунка била Богородица.” Но по Водици откако ќе се крстела водата можело да се оди на туѓина и секакви други работи да се работат…Сепак, во внатрешноста, по малите села и локации, приказната е сосема поинаква. Ако во некој од овие денови се најдете во едно такво местенце, неко

Пронајдете не на следниве мрежи: