Внимавајте: Маглата ја намали видловоста на повеќе патишта

Поради магла намалена е видливоста на повеќе патишта низ државата. Во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод и Битола видливоста е од 100 до 150 метри, во Куманово 50 до 100 метри, во Тетово 50 до 60 метри, Павлешници 30 до 50 метри, додека во Велес, Катланово-Велес и Отовица-Катланово до 100 метри, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и

Пронајдете не на следниве мрежи: