Внимавајте, овие намирници никако не смеете да ги јадете на Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на овој ден е пропишан најстрог пост. На овој ден се одбележува страдањето на Исус Христос, неговото распнување на чесниот крст и неговата смрт за спас на светот.

На овој  ден христијаните се сеќаваат на настанот кога Исус бил навредуван, тепан и мачен додека масата викала: „распнете го, крвта негова на нас и на нашите деца“. 

Внимавајте, овие намирници никако не смеете да ги јадете на Велики петок

На крајот Исус бил распнат на брдото Голгота (што во превод значи „место на черепот) заедно со уште двајца разбојници.

Што се однесува до обичаите околу храната на овој ден, уште одамна е востановен строг пост на вода, односно консумирање на храна која не се пржи на масло. Затоа  според правилата не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир, посна паштета и слично. 

Поголемиот број христијани на денешен ден јадат варен зеленчук или суров зеленчук и овошје.
Во некои манастири монасите не јадат ништо се до заоѓањето на Сонцето, а до ова правило се придржуваат и некои верници.

Исто така, некои избегнуваат користење вилушка, нож или било што остро како прибор за јадење, бидејќи тие предмети го симболизираат копјето со кое бил прободен Исус од римските војници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.