петок, 27 ноември 2026
Најново

ВНИМАВАЈТЕ! Овие предмети се најголем извор на бактерии!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако не можеме да ги видиме со голо око, бактериите се насекаде околу нас и ние сме постојано во контакт со нив. Доволно е да го допрете телефонот на работа, количката во супермаркетот или кваката на вратата на јавен тоалет за да се пренесат бактериите на вашите раце. 

А ако потоа го допрете вашиот нос, пред да успеете да трепнете, бактериите ќе се населат во него. Добрата вест е што нашето тело успешно се бори против бактериите кои секојдневно доаѓаат до нас, па многу мал процент од нив можат да му наштетат на човек кој е здрав и кој има добар имунитет.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сепак, на прашањето дали треба да бидете загрижени за бактериите на јавни места, одговорот е „да“. Колку и да се грижите за хигиената, секогаш има луѓе кои ја занемаруваат, па добро е да знаете кои места и предмети треба да избегнувате да ги допирате, но и да ги преземете соодветните мерки кога ќе дојдете во контакт со нив.

Знаете дека шолјата во јавните тоалети е полна со бактерии, знаете дека на седиштата во автобусите виреат бактерии и вируси, знаете дека чекалните во болниците се преполни со бактерии и вируси, но има места кои сигурно не ви паднало на ум дека се извор на бактерии, а од кои треба да се пазите.
Еве дел од нив:

-Количките во супермаркетите
-Менијата во рестораните
-Сетовите за зачини, сосови и други додатоци во рестораните
-Банкоматите
-Кваките на вратите и сапуните во јавните тоалети
-Копчињата за лифтот и прекинувачите за светло
-Парчињата лимон во пијалоците
-Компјутерските тастатури и телефонските слушалки
-Женската ташна

Поврзани вести