Кожните ремени со метални украси кои се продаваат во најголемата британска online модна продавница „ASOS“ се повлечени од продажба. Додатоците во формата на „јака“ би можеле да предизвикаат оштетувања ако се носат повеќе од 500 часа. Тие се чувани во радиоактивен магацин и биле позитивни на тестот за радиоактивност.
„Ниту еден ремен не е погоден за јавно користење“ – се вели во извештајот.
Еден од ремените е повлечен од Царината на САД бидејќи бил позитивен на тестот за радиоактивност – стои во извештајот во кој имал увид британскиот „Гардијан“.
Оттогаш се продадени 49 артикли во 14 земји во светот, но се уште не се знае колку од нив биле вратени.
Внимавајте што носите на себе за да не настрадате.Кожните ремени со метални украси кои се продаваат во најголемата британска online модна продавница „ASOS“