Саша, внуката на претседателот на СФРЈ Јосип Броз, открила дека планира да сними филм за својот дедо.„Вистина е дека ми се роди идеја за снимање на филм за дедо. Иако се’ уште е само желба, верувам дека еден ден ќе стане реалност. Тоа би бил филм за односот кој го имав со дедо, ’моја пресметка со детството’’ – открила Саша Броз.
Саша е управител на на ријечката Опера, таа искоментирала дека и нејзиниот дедо бил голем љубител на операта.
„Имам право да кажам дека беше бескрајно мил, духовит, шармантен и толерантен, дедо каков можеш само да посакаш“.
Признала и дека поради него добила повеќе медиумски простор, поточно поради презимето Броз.
„Сите се нечии внуци и внуки, тоа го сфаќам како неминовен факт. Малку е неинтересно кога секојдневно сурфаш по порталите или читаш весници, па нема ниту еден медиум кој всушност не се бави со моето презиме. Сакам да ме доживуваат првенствено заради мојата работа, а не преку моето потекло. Од друга страна, би била лицемерна да кажам дека не сум добила многу медиумско внимание поради моето презиме. Всушност, се обидувам да балансирам со тоа“, изјавила внуката Саша.„Вистина е дека ми се роди идеја за снимање на филм за дедо. Иако се’ уште е само желба, верувам дека еден ден ќе стане реалност. Тоа б