Во 2014-та прва мерка на Владата на Груевски беше отпис на долгови, сега прва мерка на Заев е рушење

Првата одлука која новата влада на СДСМ и Зоран Заев ќе ја донесе, најверојатно ќе биде да се урне оградата од ковано железо со која е обиколена владината зграда. За разлика од Заев, првата одлука на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во 2014. година беше усвојување на Предлог-закон за отпис на долговите за социјално ранливите категории.Животот кој го ветуваше Заев ќе почне со уривање, наместо со градење или мерка со која ќе им се помогне на граѓаните.
Откако го укина екстерното, најави укинување на плаќање по учинок кај лекарите, нова реформа на Заев е уривање на оградата околу Владата, потег со кој наводно ќе ја отворел Владата.
Познавачите ова го коментираат како евтина, провидна, лицемерна и неискрена пропаганда на новиот премиер, кој е опседнат со Никола Груевски. Отвореност на Владата нема поврзаност со физичка ограда, туку со дела за народот, а наместо да создава нешто, Заев го укинува и руши тоа што направил неговиот претходник.
За разлика од Заев, со отписот на долгови од владата на ВМРО-ДПМНЕ беа опфатени корисниците на социјалната и на постојаната парична помош, лица кои бараат работа повеќе од 12 месеци и лица изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност.
-Македонија како социјална држава, која согласно со Уставот се грижи за социјалната заштита на граѓаните има право и обврска да им помогне на најранливите категории граѓани. Оваа мерка се носи еднократно и нема да се повтори, а причина за нејзината реализација е одговор на државата кон последиците на светската и европската економска криза, рече Груевски по донесувањето на одлуката.
Тој тогаш ги повика доверителите да покажат дека не само профитот, туку и општествената одговорност се нивен приоритет.Животот кој го ветуваше Заев ќе почне со уривање, наместо со градење или мерка со која ќе им се помогне на граѓаните.
Откако го укина ексте

Пронајдете не на следниве мрежи: