Во текот на 2015 година Општина Аеродром додели рекордни 752 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, од кои 358 беа за машки деца, а 394 за женски деца.Од нив 406 се првородени деца, а 280 се второродени. Во 58 семејства има трето дете, 6 се четвртородени, а имаме и 1 семејство со 6 деца.
За разлика од претходните години, во 2015 година најчесто име што им се давало на девојчињата од Општина Аеродром е Јована, а кај момчињата Петар. Исто така, има и многу деца кои се викаат Михаил и Михаела, Ана и Јана, како и Марко и Лука. Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што се Миња, Мина, Делфина, Маркијан, Калист, Калија, Нестор, Василиј, Звездан, Зафир…
Општина Аеродром искрено се радува на зголемениот број на новороденчиња и на нивните семејства им честита за новиот член и истакнува дека и годинава продолжува со акцијата за доделување еднократна помош на секое семејство со новороденче во висина од 5.000 денари.
Барањето за за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2016 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се симне на следниот линк: https://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.Од нив 406 се првородени деца, а 280 се второродени. Во 58 семејства има трето дете, 6 се четвртородени, а имаме и 1 семејство