Во 2015 преку владините мерки за вработување 683 лица добиле работа во Струмица

Преку владината мерка „Македонија вработува“ во Струмица минатата година се вработени 683 лица.Од Агенцијата за вработување во Струмица, велат дека преку оваа мерка заинтересираност покажале 391 работодавец, каде биле вработени 649 лица. Преку двата огласи за самовработување со грант од 3.000 евра, работа добиле 34 лица, пишува МИА.
-Лани имавме навистина успешна година. Максимално успеавме да ги реализираме активностите предвидени со оперативниот план на Агенцијата за вработување. Добро поминавме и со програмата за практиканство. Тука интерес појавија и аплицираа 55 компании, а склучивме исто толку договори со практиканти. Поголемиот дел од нив останаа на работа и по завршувањето на периодот за практиканство, рече Павлина Георгиева, раководител на АВРМ, Струмица.
Интерес имало и за програмата за самовработување преку кредитирање. Ѓерогиева вели дека организирале и голем број мотивациони обуки, вклучително и за социјално загрозените лица, за да ги научат основните вештини како полесно да дојдат до работа.
-Во 2015 година направивме индивидуални планови за 11.000 невработени, а во следниот период стручни тимови ќе прават нивно профилирање. Во зависност од тоа дали се тешко, средно или лесно вработливи, ќе знаеме кои мерки и кои активност да ги преземаме понатаму, објаснува Георгиева.
Годинава, Агенцијата за вработување во Струмица ќе организира работилници на кои ќе бидат вклучени сите работодавци со цел да бидат директно запознаени со мерките за вработување.Од Агенцијата за вработување во Струмица, велат дека преку оваа мерка заинтересираност покажале 391 работодавец, каде биле вработени 649 лица. Прек

Пронајдете не на следниве мрежи: