недела, 29 ноември 2026
Најново

Во Барселона се очекуваат антисепаратистички демонтрации

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Голем број луѓе се очекуваат денеска во Барселона на демонстрации против плановите на каталонските сепаратисти да прогласат независност по референдумот одржан пред една недела.Демонстрациите следуваат откако премиерот на Шпанија Маријано Рахој предупреди дека централната власт ќе спречи „декларација за независност“ на Каталонија која според него, „нема да предизвика ништо“.
– Владата ќе спречи декларацијата за независност да предизвика било што, изјави Рахој во прво интервју за шпански медиуми од почетокот на кризата меѓу Мадрид и Барселона.
– Шпанија ќе остане Шпанија и тоа ќе продолжи долго, долго, изјави Рахој за Ел Паис.
На демонстрациите во каталонскиот главен град се очекуваат луѓе од цела Шпанија. Организатор е Каталонското цивилно општество, (Societat Civil Catalana), главна група што се противи на независност на Каталонија. Почетокот е закажан за напладне, јавуваат локални медиуми.
Десетици илјади демонстранти вчера протестираа во Мадрид и други шпански градови барајќи дијалог и прекин на несогласувањата.
 Демонстрациите следуваат откако премиерот на Шпанија Маријано Рахој предупреди дека централната власт ќе спречи „декларација за независ

Поврзани вести