Во Музејот на град Берово беше отворена изложбата на фотографии насловена „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“.Изложбата ја отворија чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш и градоначалникот на Општина Берово Драги Наински.
Амбасадорот Рамеш истакна дека целта на изложбата е да се претстават културните знаменитости на Чешка, а нејзиното презентирање е резултат на одличната соработка меѓу Македонија и Чешка како и соработката помеѓу Општина Берово и Амбасадата на Република Чешка. Тој напомена и дека Чешка изобилува со замоци и споменици, а 12 од нив се заштитени и од УНЕСКО.
Градоначалникот на Општина Берово Наџински ја искажа својата благодарност до амбасадорот и Амбасадата на Република Чешка за можноста оваа изложба да биде поставена во Општина Берово, што секако за граѓаните на општината ќе претставува одлична можност да се запознаат со убавината на Чешка која изобилува со историски споменици и преубави замоци.
Поставката на изложбата содржи 21 слика со димензии 70 х 90 см, од кои 12 слики се спомениците на УНЕСКО заедно со мапа со објаснувања на англиски јазик и со превод на македонски јазик и 8 слики со замоци и дворци во Република Чешка со објаснувања на македонски јазик.
Изложбата ги содржи најрепрезентативните градби и природни убавини во Република Чешка, меѓу кои секако посебно место заземаат спомениците кои се впишани во листата на светско наследство на УНЕСКО и на посебен начин ги запознава посетителите со природата, минатото и културата на Република Чешка. Во наредните денови изложбата во Музејот на град Берово е отворена за сите граѓани.
Изложбата ја отворија чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш и градоначалникот на Општина Берово Драги Наински.
Амбасадорот Рамеш истакна дека це