Во Берово поставен контејнер за собирање на е-отпадВо согласност со одредбите од Законот за управување со електрична и електронска опрема, општина Берово потпиша договор за соработка со “Елколект“ од Скопје со што е набавен магацин за времено складирање на електричен и електронски отпад.
Магацинот за собирање на е-отпад е лоциран на градскиот пазар во Берово каде сите граѓани ќе можат да ги донесат старите и неупотребливи електрични и електронски апарати и бесплатно да се ослободат од нив.
Во магацинот можат да се донесат стари апарати од бела техника, фрижидери, електрични шпорети, телевизори, компјутери, монитори, музички системи и слично, по што фирмата “Елконект“ има обврска да го депонира истиот на соодветни места.Во согласност со одредбите од Законот за управување со електрична и електронска опрема, општина Берово потпиша договор за соработка со “Елкол