Вклученоста на граѓаните во креирањето на Буџетото на Општина Берово продолжи преку одржувањето на втората сесија од Буџетскиот форум од програмата “Форуми во заедницата“ кој Општина Берово го организира со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој (SDC), раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС.
Втората форумска сесија се одржа во холот на ОСУ “Ацо Русковски“ во Берово каде се продолжи со работа на шесте работни маси:
-Општинска администрација,
-Противпожарна заштита,
-Образование,
-Локален економски развој,
-Животна средина и
-Спорт, култура и социјална заштита.
На почетокот на сесијата се направи преглед на претходната сесија по што од страна на претставник на работната група формирана на првата сесија беа презентирани Приоритетите дефинирани според работната група на Форумот на заедниците за општина Берово 2017 година кои беа произлезени од учесниците на првата форумска сесија и кои се однесуваат на поголемиот дел од населените места во општина Берово.
Како приоритети од работната група беа посочени:
-Локалниот економски развој,
-Животна средина (Заштита на шумите),
-Развој на туризмот и
-Социјална заштита.
На оваа втора форумска сесија, Звонко Пекевски –Раководител на Одделението за финансии и буџет при општина Берово имаше две презентации од кои првата се однесуваше на Планираните и реализираните приходи на Општина Берово до 30.09.2016 година и Презентација за Проекција на приходи на општина Берово за 2017 година.
После овие презентации работните маси дадоа свои предлози за зголемување на приходите во Буџетот на општина Берово за 2017 година кои ќе бидат разгледани од страна на работната група.
На крајот на сесијата беа утврдени следни чекори, избор и инструкции за работна група и беше закажана следната трета сесија за 09 ноември 2016 година во холот на ОСУ “Ацо Русковски“ – Берово.
Втората форумска сесија се одржа во холот на ОСУ “Ацо Русковски“ во Берово каде се продолжи со работа на шесте работни м